Skopje, Macédonie

Универзитетот Американ Колеџ

type de l'université: universités
statut d'université: privées

Contact:

Универзитет Американ Колеџ Скопје
Бул. Трета македонска бригада бр. 60
1000 Скопје, Македонија
Телефон/Факс: 003892-246-3156

MBAplus »
Master of Business Administration études en macédonien

Unitésplus »
Факултет за Архитектура и Дизајн
Факултет за Деловна Економија и Организациски Науки
Факултет за Компјутерски Науки и Информатички Технологии
Факултет за Политички Науки
Факултет за Правни Науки
Факултет за Странски Јазици
Мисија на Универзитетот
Универзитетот Американ Колеџ Скопје е основан поаѓајќи од сфаќањето дека сите луѓе се збогатуваат со образование.
УАКС се смета себе си за Универзитет од трета генерација - Универзитет кој што не зависи од поддршка од државата, наставата се одржува претежно на англиски јазик, и кој што работи на регионалниот или глобалниот пазар;
Работењето на УАКС се води според 3И принципи:
- Интернационален наставен кадар;
- Интернационалени студенти;
- Интернационални наставни програми, учебници и наставни помагала.
УАКС се стреми да обезбеди квалитет во високото образование со комбинирање на најдобрите европски и американски образовни стандарди.
УАКС вложува напори да обезбеди компетенција во насоките кои што ги нуди.
УАКС силно поддржува партиципативно учење, учење преку практична работа, стажирање, учество на визитинг предавачи од бизнис заедницата и други форми на настава кои што ги поврзуваат студентите со ситуации од реалниот живот.
УАКС верува дека тоа е најдобриот начин студентите да се подготват за предизвиците на реалниот свет, особено на додипломски студии.
Поради тие причини, УАКС ангажира наставен кадар кој што има пред се' значителни практични и професионални и академски постигнувања.
Визија на Универзитетот
УАКС се стреми:
- Да стане лидер во високото образование во регионот и да промовира добра пракса и соработка со другите образовни институции,
- Да се промовира како универзитет кој што се заснова врз академска врвност, научни и апликативни истражувања признати од бизнис заедницата, наставниот кадар и студентите,
- Да промовира консултантски услуги и цврсти односи на својот наставен кадар со бизнис заедницата,
- Да промовира доживотно учење, структуирани образовни програми за директори и раководни лица и професионален развој за сите оние кои што се желни за образование,
- Да учествува во новата Европска област на високо образование (European Higher Education Area - EHEA) и Европската област на истражување (European Research Area - ERA),
- Да стане меѓународен и регионален центар за деловно образование во Југоисточна Европа.
site Web d'université: www.uacs.edu.mk/

Carte

Privacy Policy